| четврток, 6 декември 2018 |

Не уништувајте си ја шансата за среќна врска

Ниската самопочит, негативноста и тежнеењето кон совршеност, како и брзањето не се вистинскиот пат кон среќата и успех во љубовта. Понекогаш нашите лоши одлуки се главните виновници зошто не можеме да ја пронајдеме љубовта. Еве и зошто…

Ниска самопочит

Мажите честопати ја истакнуваат самоувереноста како најсекси атрибут кај жените и верувајте дека тоа не е без причина. Ако сакаш добар партнер, мора да веруваш дека еден таков и заслужуваш.

Негативност

Никој не сака негативни луѓе. Замисли да мораш секој ден да слушаш како некој се жали, омаловажува или во најлош случај, те омаловажува тебе. Исцрпувачки, зарем не?

Бараш совршенство

Ако премногу се трудиш да бидеш она што мислиш дека тој сака да си, тоа не е вистински начин за да бараш љубов. Глумата исцрпува, а суштината на вистинската љубов е да најдеш некој којшто ќе те прифати таков каков што си.

Брзање

Лесно е да препознаеш личност која брза во животот. Причината за тоа е што таквите луѓе сметаат дека времето им лета и поради тоа, сакаат да ја забрзаат љубовната динамика и побрзо да се скрасат. Верувајте дека сите мудри мисли дека брзањето е грешка не се напишани и кажани залудно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top