| четврток, 6 декември 2018 |

Како студентка од Шведска спаси Авганистанец од депортација (Видео)

Студентка од Шведска треку протестирање во авион кој требаше да полета од Гетеборг кон Турција, спаси Авганистанец од депортација.

Додека екипажот и патниците се подготвуваа за поелтување, елин стана и го вклучи нејзиниот мобилен телефон со видео-пренос во живо. Таа известуваше за целата ситуација и одбиваше да седне на нејзиното место, со цел авионот да не полета. Постави барање до пилотот и стјуардесите, човекот од Афганистан да биде симнат од летот.

Додека таа протестираше некои од луѓето се обидуваа да и го одземат мобилниот телефон и да ја „вразумат“ да седне.

– Овој човек ќе биде убиен доколку го вратите во Авганистан! Поважен ви е еден човечки живот или вашето време? Дали во оваа ситуација е поважно навреме да го фатите летот? – им се обраќаше Елин на патниците.

Таа на крај се согласи дека ќе го напушти авионот, но исклучиво ако го симнат и патникот од Авганистан кој требаше да биде депортиран.

– Кога ќе видам дека се симнува тој, тогаш и јас ќе излезам и ќе се придржувам на правилата од аеродромот. Се додека јас стојам во авионот, пилотот не смее да полета – рече таа.

Елин ја фокусираше камерата само кон неа, за да не ја нарушува приватноста на останатите патници кои беа во авионот, но забележа дека на задниот дел седат момци од фудбалски тим, кои се придружија на нејзиниот протест и станаа од нивните седишта се со цел да не полета авионот додека Авганистанецот не биде симнат од авионот.

– Правилата за азил во Шведска се лоши и со ова сакам да покажам дека е потребна промена, сакам да видам промена во мојата земја – потенцираше Елин.

Видеото кое беше пренесувано на нејзиниот Фејсбук профил достигна илјадници прегледи, а нејзиниот активистички потег стигна до насловните страници на светските медиуми, меѓу кои и „Гардијан“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top