| четврток, 6 декември 2018 |

Венеса Редгрејв е добитничка на наградата за животно дело на Фестивалот во Венеција

Британската актерка Венеса Редгрејв е добитничка на престижниот „Златен лав“ за животно дело на годинашниот филмски фестивал во Венеција.

Во Венеција секоја година се доделуваат две филмски награди за животно дело, една за режисер, а друга за актер или актерка.

Оваа година, покрај Редгрејв, награда ќе добие и канадскиот режисер Дејвид Кроненберг.

Редгрејв шест пати беше номинирана за „Оскар“, а најпрестижната филмска награда ја доби во 1978 година за улогата во филмот „Јулија“. Исто така, ја доби и наградата „Тони“ за најдобра актерка во претставата „Најдолгото патување во ноќта“ од 2003 година.

Организаторот в среда треба да ја објави програмата за годинашниот фестивал.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top