Информациите дека се работи на законски измени со кои ќе овозможат пензионирање со збир на годините на стаж и старост се шпекулации, оцени министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.
– Се работи за шпекулација која неколку пати по ред излегува во јавноста. Во моментов во Министерството за труд и социјална политика и во Владата не се води постапка за измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување во насока на промена на правото на стекнување со пензија – изјави министерот Спасов.
Тој појасни дека според постојниот Закон право за стекнување старосна пензија имаат граѓаните што ќе наполнат 64 години за мажи и 62 за жени и имаат најмалку 15 години работен стаж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.