| четврток, 6 декември 2018 |

Грците ги обвинуваат властите: Луѓето умреа поради лошата организација

Според локалното население на Атика, надлежните ја потцениле силата на пожарите, во кои загинаа 60 лица, а над 150 се исчезнати или повредени. Тие сметаат дека фокусот бил насочен кон гаснење на погрешните реони.

  • Луѓето умреа поради лошата организација – вели Гркинката Кристина за Радио Тема.

Таа додава дека воопшто немало план за спасување

  • Ниту капка вода не фрлија на нашиот пожар, затоа што беа ориентирани на западна Атика – вели таа.

Таа додава дека не е вистина дека пожарот се спуштил за само половина час.

  • Имаше време, немаше план – вели таа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top