| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се сретна со германскиот министер за Европа Рот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаил Рот.

На средбата, како што соопштија од партијата, биле афирмирани добрите билатерални односи помеѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија.

Мицкоски на средбата истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која искрено се заложува за интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО.

Истовремено, тој, нагласил и дека еднострано обврзувачкиот договор потпишан со Република Грција е штетен на интересите на Република Македонија и дека тој не може го поддржи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top