| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдени 30 килограми кокаин во возило во автосалон

Американските власти соопштија дека во еден автомобил, кој бил доставен на авто-салон во Њујорк, биле откриени 30 килограми кокаин, во вредност од над еден милион долари.
Лицето кое го преземало возилото се соочува со обвинение за шверц со дрога. Во моментов тој е во притвор, каде ќе му биде назначен адвокат, а судијата ќе одлучи дали ќе дозволи да излезе со кауција.
Автомобилот пристигнал на 19 јули, а обвинителот Џејмс Кенеди рече дека возилото веднаш предизвикало сомневање, по што било запрено, а под хаубата била пронајдена дрогата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top