| четврток, 6 декември 2018 |

Невиден циркус во Рим вечерва: Навивачите на Рома го чекаат Малком, тој заминал за Барселона

Неверојатни слики од Рим вечерва го обиколија светот.

Рома беше пред договор со Бордо за бразилскиот интернационалец Малком, навивачите на клубот се собраа пред аеродромот да го пречекаат големото засилување, но од него изгледа нема да има ништо. Наводно, во приказната се вклучила Барселона која сака да го доведе 21-годишниот фудбалер во своите редови и Рома најверојатно ќе извиси.

“Каталонците” по се изгледа нема да успеат да го донесат Вилијан, а Малком е идеално решение за истата позиција, па многу веројатно сите сили ќе ги насочат кон него, особено поради тоа што неговата цена изнесува 35 милиони евра.

Откако во Бордо пристигнала понудата од Шпанија, раководството на францускиот клуб му забранило на својот фудбалер да патува за Рим и изутрина трансферот во Барселона може да биде реализиран

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top