| четврток, 6 декември 2018 |

Силен земјотрес регистриран денеска во Албанија, епицентарот во близина на Тирана

Земјотрес со интензитет од 4,5 степени по Рихтеровата скала денеска беше регистриран во албанските градови Тирана, Драч и Каваја.

Потресот бил почувствуван во 13.05 часот по локално време. Епицентарот е во реонот на градот Рогожина, близу Тирана.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top