| четврток, 6 декември 2018 |

Пандов: Овие тирани и Уставот ќе го менуваат со 61 пратеник

Владата пратила предлог до Собранието за измени во изборниот закон со кои бара составот на Државната изборна комисија да се бира со апсолутно наместо со двотретинско мнозинство. Владата бара измените да се гласаат по скратена постапка.

На ова реагира Александар Пандов.

„После состанокот на Хан со Таљат, во собранието се појавува нова точка на дневен ред, со европско знаменце, за измени на законот околу изборот на ДИК. Па така ако до сега ДИК се бираше со 81 пратеник, што ќе рече мора да биде усогласен со опозицијата, новото законско решение предвидува избор на ДИК да биде со 61 пратеник. Ако опозицијата премине преку ова газење и тешка злоупотреба на демократијата, треба да знаат дека хунтава во наредниот период, не што ќе тепаат и апсат, туку и најбрутално ќе почнат со ликвидации на секој нивни противник. Помине ли ова, на секого да му биде јасно дека овие тирани и уставот ќе го менуваат со 61 пратеник“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top