| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Попоски: Власта и опозицијата да си го сменат менталитетот

Власта и опозицијата да си го сменат менталитетот, самите да направиме скриниг на институциите, порача денеска екс-министерот за надворешни работи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски во Собранието.

„Скриниг значи дијагноза и требаше да почне уште во 2005-та година. Ако се родеше дете тогаш, ова дете ќе беше полуматурант, да му помогнеме да си ја смени матрицата. Имаме голема одговорност да не заглави матурантот уште повеќе. Нема причини за концерти и славење. Мораме да согледаме дека овие луѓе тука се малцинство, а во ЕУ мнозинството се неутрално негативни. Британците имаат верба во демократијата која ние ја немаме. Власта презентира слика на обединетост, а всушност прават што сакаат“, рече Попоски.

Тој додаде дека истиот ден кога еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан ќе си замине, во Македонија ќе се одржи седница со кршење на деловникот и законите.

„Нас ни треба промена на матрицата. Главен аргумент на власта е дека и претходните правеле така. Тоа треба да заврши. Одговорност носат и власта и опозицијата. Опозицијата трба да понуди решение не само да седи. Шест месеци треба самите да си направиме скриниг за капацитетот на нашите инстутуции. Заедно да седнат власта и опозицијата и да го сменат менталитетот“, порача екс-министерот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top