| четврток, 6 декември 2018 |

Пет момчиња од Дебар претепале тројца сограѓани, едниот итно пренесен на скопските клиники

Ноќеска околу 2:50 часот во Дебар на улица „8 Септември“, додека Г.Е. (20) од Дебар бил со неговите другари Ч.Б.(19) и О.А.(21) сите од Дебар, физички биле нападнати од страна на пет лица од Дебар.

На Г.Е. му е укажана лекарска помош во Медицински центар Дебар, од каде е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Во 3:40 часот во Полициска станица Дебар сами се пријавиле лицата К.К. (27), И.В.(23), Ц.В.(22) и Х.Б.(25) сите од Дебар, а по преземени мерки приведено е и лицето К.К. (21). По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top