70 души во Кичево, едвај 400 во Скопје. За Охрид веќе пренесовме (тука). Вака вечерва изгледаат „големите граѓански прослави“ на владата. Прославата „Македонија во НАТО и ЕУ“ под мотото „Одиме напред“ се организира низ 15 градови низ Македонија, а настапуваат 40 артисти.
Иако се најавуваа масовна посетеност и еуфорија, бројките од терен го кажуваат спротивното:
Во Гостивар на „Ареа“ присутни се само 200 граѓани, во Кичево, пак, на Адријан Гаџа и Владо Јаневски, 70.
По стотина души се појавија пред бината за прослава во Кочани и во Гевгелија, каде „луда журка“ има со Бени и Златко Ориѓнаски.
Стотина души имаше и во Струга, а едвај 100 души имаше на прославата и во Тетово, која почна во 18 часот.
Дури 300 души излегоа во Струмица.
Во Скопје, каде во Градски парк требаше да се соберат огромен број на „радосни граѓани“, пред Школка не се собраа ни 500 души.
Погледнете ја галеријата од „славјето“ низ Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.