Утре од три часот наутро до 8 и 30 часот без вода ќе останат корисниците на градот Гевгелија, селото Мрзенци, индустриската зона „Блокотехна“ и Негорските минерални бањи, поради приклучување на новиот цевковод ф 450 мм.
Од ЈПКД „Комуналец“ соопштија дека приклучувањето ќе го извршат стручни служби од изведувачот на проектот, фирмата „Хидрострој“ од Бугарија со помош на вработени од секторот за водовод и канализација од гевгелиски Комуналец.
По приклучувањето ќе се чека техничкиот прием на целокупниот систем по што водата од новите бунари кај Вардар, граѓаните на општина Гевгелија ќе можат да ја користат од 1 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.