| четврток, 6 декември 2018 |

Владата упадна на Пивофест во Прилеп

Скандал од невидени размери го тресе фестивалот на пивото и скарата во Прилеп. Владата ја вметна својата музичка програма за прослава на условните препораки од ЕУ и НАТО во фестивалската програма?

Покрај за скапите балкански и домашни ѕвезди, граѓаните ќе плаќаат и за групата “5+ бенд”, која е најавена за саботната прослава на владата.

Идејата на Владата утре да направи прослава по повод НАТО – поканата за покана која ќе се реализира само доколку го промениме името и Уставот, ги разлути прилепчани, бидејќи, како што велат самите, со овој чекор им се злоупотребувал „Пивофестот“ кој  веќе втор ден е во тек. Ова уште повеќе и заради тоа што прилепчани, главно се против најавената прослава, која треба да влезе во програмата на „Пивофестот“.

Според неофицијалните најави, музичката група „5+бенд“, која изведува детски песни, треба да настапи на истата сцена на која се одржува и шеснесеттото издание на „Пивофестот“, кој, пак, традиционално, за време на викендот е најпосетен.

Ова е потврдено и со програмата објавена на Фејсбук страната на “Пивофест”, каде пред настапите на Фортисимо, Некст Тајм, Џенан Лончаревиќ и Жељко Јоксимовиќ во сабота, ќе настапи и групата “5+”.

Дали политиката навлезе во сите пори на општеството? Дали некој ќе сноси одговорност за ова?

Прилепчани дури раширија и флаер по социјалните мрежи на кој пишува бојкот за најавената прослава на владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top