| четврток, 6 декември 2018 |

СП 2022 нема да се игра на лето – ФИФА го соопшти датумот на СП Катар

Следното Светско првенство во фудбал нема да се игра на лето, туку ќе се игра во зимскиот период, кога температурите во Европа се ниски, но ситуацијата не е таква во државата каде што ќе се одржи Мундијалот.

Катар е домаќин на Светското првенство во фудбал во 2022 година, а поради превисоките температури кои се во јуни и јули, кога традиционално се одржува Мундијалот, ова првенство ќе биде преместено во месеците ноември и декември.

Собирот на најдобрите светски репрезентации во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top