| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска брзо реагира: Ова е вистината за здравјето на нашите фудбалери

Дел од странските медиуми, повикувајќи се на извештаи од руската телевизија објавија дека хрватскиот фудбалски репрезентативец Иван Перишќ в недела, поради повреда ќе го пропушти најважниот меч во неговата кариера, финалето на Светското првенство (СП).

Странските медиуми пишуваат за најлошото можно сценарио може да ја снајде Хрватска на СП

Иако хрватскиот селектор Златко Далиќ на последната прес-конфренција не сакаше да ја коментира здравствената состојба на одделни фудбалери, од извори блиски на националниот тим, хрватските медиуми дознаваат дека Перишиќ денеска го одработел нормалниот тренинг и фитнесот и оти ќе биде целосно подготвен за неделното финале со Франција.

Како што пишуваат медиумите во Хрватска, стрелецот и асистентот на голот со Англија во четвртокот во болница бил на преглед и му била направена магнетна резонанца, која покажала дека нема сериозни оштетувања на неговиот бутен мускул.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top