| четврток, 6 декември 2018 |

Промоцијата на книгата „Скопски блуз и други песни од Македонија“ на „Скопско лето“

Промоцијата на книгата „Скопски блуз и други песни од Македонија“ на Имануел Мисфурд – Малта, која ќе се одржи утре, 13.07.2018, петок, во Градската кафеана „Пелистер“ со почеток во 11:00 часот.

Издавач: Академски печат, Промотор: Данило Коцевски, Препев од англиски на македонски јазик: Елена Пренџова.

-„Скопски блуз и други песни од Македонија“ не е обична збирка поезија инспирирана од Скопје и Македонија. Всушност, „Скопски блуз и други песни од Македонија“ претставува поетски патепис за нашата земја во кој се мапирани не само значајните места во главниот град и околината, туку и интимните доживувања и преживувања на поетот додека бил во посета на Македонија. Неговото поетско освојување на нашата земја раѓа стихови преку кои ние, нејзините жители и жителки, добиваме сосема поинаква перцепција за нашето родно место. „Скопски блуз и други песни од Македонија“ претставува географско – интимистичка карта на улиците по кои минуваме замижани, на градбите кои махинално ги одминуваме, за доживувањата што само ги животариме под влијание на животната рутина, на чувствата што ни се длабоко закопани поради потрагата по далечното егзотично… „Скопски блуз и други песни од Македонија“ претставуваат стихови кои ни подаруваат нови очила за добро познатите глетки, вели Елена Пренџова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top