| четврток, 6 декември 2018 |

Последен ден измачување: Денеска ќе бидат извлечени последните 4 заробени деца и тренерот (видео)

Третата фаза од спасувањето на преостанатите четири деца и нивниот тренер од пештерата на северот на Тајланд почна утрово, а официјалните лица најавуваат дека сите пет лица ќе бидат извадени во текот на денот.

Според последните информации, две од четирите деца кои се уште се заробени во пештерата, можеби имаат инфекција на белите дробови. Можноста за вакво нешто ја потврди и секретарот на Министерството за здравство Џедсад Чокдумронгсук.

Инаку, утринава родителите низ заштитно стакло ги видоа своите деца.

Ако се’ оди според планот, до крајот на денот ниту еден член на младиот фудбалски тим нема да биде заробен во пештерата.

Инаку, родителите веќе си ги видеа своите осум деца, кои беа спасени од пештерата изминативе денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top