| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна прогноза на УХМР, еве какво време не очекува неделава

Повторно пад на температурите проследени со врнежи од дожд.Повторната нагла промена на времето почнавме да чувствуваме уште вчера, но обилните врнежи во југо-источниот дел на државата им предизвикаа штети на земјоделците.

Циклонската активност која што изминатите денови ја зафати земјата ќе трае до утре, управата за хидрометеоролошки работи прогнозира невреме со пороен дожд и грмежи во некои региони на земјава попладнево и во текот на ноќта. Од среда се очекува стабилизација.

Невреме проследено со пороен дожд и силен ветар за дваесетина минути предизвика поплава на неколку сообраќајници во струмичкиот регион. Поради преполните одводни канали водата се излеа во дворовите во селото Муртино, невремето предизвика штети и во селото Сачево. Во невремето кое вчера го зафати регионот за дваесетина минути наврнале 33,7 литри на метар квадратен.

Земјоделците веќе се жалат на големи штети од поплавите. Веќе за наредните денови е најавено дека ќе започнат и проценките на штетите. Како и да е прогнозите од метеоролозите не им одат во прилог. Имено, алармот за силни дождови и ветрови останува на сила иако од среда се очекуваат денови со стабилни временските услови, овој месец – тропски температури нема да има на повидок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top