| четврток, 6 декември 2018 |

Ужасна статистика во Црна Гора: Три чедоморства од почетокот на годината

Неодамна во Црна Гора јавноста остана згрозена од постапката на една мајка, која своето четиримесечно бебе го фрлила во река. Но, ова всушност е трет случај на чедоморство во државата од почетокот на оваа година.

Според невладините организации во Црна Гора, најчеста причина за ваква трагедија е постпородилната депресија, која за жал, не е толку ретка колку што се претпоставуваше. Ваквата состојба може да се движи од постпородилна тага, па се до најтешката постнатална психоза.

Факторите кои ја предизвикуваат ваквата состојба може да бидат генетски, хормонални или психолошки, а често мајките кои страдаат од ова нарушување, имаат погрешна перцепција за реалноста, халуцинации и делузии.

Според црногорската јавност, трите чедоморства за само шест месеци се податок кој навистина треба да ги загрижи властите и да се преземат мерки за заштита на родилките, дури и во времето пред породувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top