Во Музеј на Град Скопје вечер од 20,30 часот во рамки на „Скопско лето” ќе се одржи завршен концерт на учесниците на семинарот за виолина на Ана и Олег Кондратенко.
Концертот е организиран во соработка со Музичка младина на Македонија која од 2009 во континуитет го одржува возобновениот семинар по виолина за повеќе возрасти, под раководство на познатите педагози и концертни музичари Кондратенко.
Семинарот го посетуваат голем број млади виолинисти од Македонија, но и од странство кои стекнатото знаење го покажуваат на завршните концерти.
Покрај музичари-почетници во музичкото образование, учесници се и веќе оформени виолинисти, кои се пред крајот на нивното школување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.