| четврток, 6 декември 2018 |

Што има денеска на СП во Русија?

Четврфиналната програма започнува со дуелот Франција – Уругвај. Победникот од овој меч во полуфинале оди на подобриот од Бразил – Белгија. Отсутни повредениот Кавани и „пожолтените“ Каземиро и Матуиди.

Осум репрезентации останаа во трката за златната „Божица“ која што ќе се крене кон небото на 15 јули во Москва. Останаа четири европски и две јужно-американски селекции.

УРУГВАЈ – ФРАНЦИЈА 6 јули (петок) 16 часот:

Првото четвртфинале се игра на прекрасниот стадион во Нижни Новгород меѓу репрезентациите на Табарез и Дешамп.

БРАЗИЛ – БЕЛГИЈА 6 јули (петок) 20 часот:

Триумфот од 2-0 против Мексико во осминафинале стигна по победите од 2-0 против Коста Рика и 2-0 против Србија со кои Бразил најави кандидатура за златото.

Разликата на Бразил со Тите во однос на сите претходни генерации е: непробојна одбрана, комбинирана со ѕвезден напад.

На Казан Арената, Белгија доаѓа по драмата со Јапонија и нема да смее да си дозволи невнимание во одбрана како против „Самураите“.

И двете селекции се без пораз на Мундијалот. Белгија беше убедлива, а Бразил на почетокот се лизна со Швајцарија (само 1-1).

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top