Американците вчера го прославија еден од нивните најважни државни празници, Денот на независноста со кој го одбележуваат донесувањето на Американската декларација на независност на 4 јули 1776 година.
Се прославувало и во Белата куќа каде што бил одржан пикник за семејствата на војниците, во организација на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп.
Многу Американци се облекле во комбинација од боите на американското знаме: црвена, бела и сина. Исклучок не направила ниту првата дама, која одбрала долг фустан со кариран дезен.
Фустанот бил креиран од страна на познатиот американски моден дизајнер Ралф Лорен и овој стајлинг на Меланија бил прогласен за патриотски.
Меѓутоа, критичарите на социјалните мрежи малку се пошегувале и напишале дека нејзиниот фустан е по малку необичен, бидејќи личи на чаршав за пикник.Меланија го комбинирала „чаршавот“ со широк црвен ремен од модната куќа Александар Меквин и лакирани балетанки со потпис на Кристијан Лубутен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст