Пратеникот Ферид Мухиќ рече дека договорот со Грција е апсолутен преседан и дека на денешното второ гласање на законот за ратификација тој ќе остане воздржан.
-Кога станува збор за судбоносно прашање за Македонија, во политиката не постои бесплатен ручек. Ни една меѓусебна спогодба никогаш не барала промена на име ова е апсолутен преседан. Спогодбата е потпишана, но моја цел е да обрнам внимание на светлата јавност. Меѓународната заедница постапува спротивно на Повелбата на ООН. Не смее никој да се меша во внатрешните работи на друга држава, ова е забрането, а флагрантно се крши спогодбата. Повелбата на ООН и меѓународното право гарантираат право на самоопределување, сега тоа нас ни се ускратува. Ова мора да се нотира, светот да разбере што му се прави на овој народ и оваа Влада. Национално достоинство не може да е предмет на компромис, вели Меркел, па тоа треба и за нас да важи. Нема да гласам против, но ќе бидам воздржан, рече Мухиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст