| четврток, 6 декември 2018 |

Димитров: Ве уверувам дека ниту јас ниту Заев не прифаќаме загрозување на идентитетот и нацијата

Уставот не се брани со негово кршење, а токму тоа го прави претседателот Ѓорге Иванов, рече министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за време на денешното обраќање пред пратениците, каде се осврна на образложението од Иванов зошто не го потпишува договорот за името.

„Ве уверувам дека ниту јас, ниту Заев не прифаќаме загрозување на идентитетот и нацијата. Со спогодбата ќе имаме печатење на документот на македонски јазик со македонски превод“, рече Димитров.

Во однос на обвинувањата дека Владата не склучува меѓународни договори туку тоа го прави претседателот на државата, Димитров го цитираше уставот, според кој и Владата склучува договори во области од економијата, социјалата, заштитата на животната средина, енергетика, дипломатски конзуларните односи, одбраната.

„Од 897 меѓународни договори кои досега се ратификувале во Собранието, само 5 биле склучени од страна на претседателите“, рече Димитров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top