Големи пожари се шират на западот на САД, придонесувајќи илјадници луѓе да ги напуштат нивните домови на Денот на независноста.
Воведена е забрана за користење на огномет, за да се спречи појавата на нови пожари.
Националната агенција за пожари на САД соопшти дека се забележани повеќе од 60 шумски пожари, а поголемиот дел од нив се случуваат на локации погодени од сушата во западниот дел на земјата.
Најголемиот пожар избувна на околу 250 километри југозападно од Денвер и засега е трет најголем пожар забележан во историјата на сојузната држава Колорадо. Пожарот се прошири на 381 квадратен километар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.