Проширено мнозинство во парламентот или референдум, односно избори за договорот од Преспа, се црвените линии на коалицискиот партнер во грчката влада Независни Грци и министер за одбрана, Панос Каменос, пренесуваат повеќе грчки медиуми.
Своите ставови Каменос ги објави на денешната вонредна прес конференција одржана во министерството за одбрана,, меѓу другото, повторувајќи го партискиот став дека договорот е лош и оти нема да биде поддржан од нив.
Тој појасни дека за него е прифатливо гласањето за договорот во парламентот да се спроведе со проширено наместо со просто мнозинство, што значи за да биде успешно гласањето, за него треба позитивно да се изјаснат 180 наместо 151 пратеник од парламентот со 300 пратенички столчиња. Во спротивно, продолжил Каменос, требало да се побара согласност од народот.
-Кога велам согласност од народот мислам на организирање референдум или на избори. Ако Договорот дојде за ратификација со 151 пратеник ќе се повлечам од владата, ќе одам кај претседателот на државата и ќе му кажам дека ја повлекувам мојата поддршка за владата, земјата да оди на избори, за да одлучи грчкиот народ, рече Каменос.
Тој уште еднаш ги повторил партиските услови околу зачленувањето на Македонија во НАТО.
-Нема да има никаква процедура во НАТО без да се спроведе референдумот во БЈРМ и без договорот да помине во грчкиот парламент, рече Каменос на прес-конференција во Министерството за одбрана.
Во меѓувреме, шпекулациите за се посериозна коалициска криза во Грција стануваат поприсутни во јавноста, особено по вчерашниот состанок на владиниот кабинет, на кој не присуствуваше лидерот на Независни Грци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст