| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Македонците не се признато малцинство во Грција, а со договорот на Заев и Ципрас, тие нема да бидат признаени ниту од Македонија

-Македонија заслужува подобро, заслужува европска иднина, Македонија место на среќни, гордни и достоинствени граѓани со сигурна и извесна иднина на нејзините деца!-напиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил, по средбата со насилно прогонетите Македонци за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.

Ова е неговиот статус интегрално:

Македонците ја носат таа тажна судбина на историјата и историските случувања и балканските премрежја за кои сеуште има живи сведоци. Денес присуствував на петтата средба на насилно прогонетите Македонци за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година што се оддржа во Скопје.

Луѓето таму со горчина ми раскажуваа како го доживуваат Договорот со Грција при што реалната состојба е дека денес Македонците не се официјално етничко признато малцинство во Грција, а со договорот на Заев и Ципрас, тие веќе нема да бидат признаени, ниту од државата чии корени влечат, од Македонија.

Велат ова е втор голем удар за нас, а највеќе не погодува што нашата Македонија се откажува од нас, го брише правото на постоење и самоопределување како Македонци.

Некој можеби некогаш ќе се обиде да го одземе вашето детство, можеби ќе се обиде да ве протера од куќата или пак да ве пресели, да ве потцени или омаловажи, но меморијата и сеќавањата за реалноста не може да ви ги уништи. И овие луѓе сеуште постојат, се сеќаваат, живеат и раскажуваат, за своето минато, тешка судбина, тие се покрај нас, со нас, и тоа има голема цел доколку се извлече поука од минатото и никогаш не се повтори во иднина.

Тие го заслужуваат нашето внимание, пред се ја заслужуваат почитта од нашата држава. А кој друг треба да ги заштити ако не оние кои ја водат владата, и тоа не е само нивно право туку и должност.

Тие не ветија индолентен однос кон ова прашање, но затоа гледаме не им е тешко да ја затворат вратата на илјадници луѓе кои се сведоци на оваа тажна судбина, не ветија дека ќе го сменат уставот, но еве денес заговараат и бришење на името Македонија, но затоа ветија дека Македонија ќе оди напред, а еве гледаме државата е на дното во економијата, во образованието, здравството, ветија датум за преговори, а Македонија нема ниту датум за преговори, ниту извесна европска иднина.

Тие тргуваат со се она што е вредно за оваа држава и народ, а не добиваме ништо.

И кога во емотивен налет ќе сакаат да создадат лажна дилема луѓето од власта дали опозицијата е за европската иднина, во исто време кога тие не прават ништо за напредок на европскиот пат, треба да знаат дека во евро интеграциските процеси ВМРО-ДПМНЕ е на страната на Македонија.

Владеењето на оваа Влада е промашено, а единственото нешто што им купува малку време е розевата слика и лажната надеж која нема да им трае бесконечно, ниту пак ќе донесе подобра иднина. Тоа ќе се истроши побргу дури и од готовите пари кои секојдневно ги зајмуваат и со кој купуваат социјален мир, а некои други идни генерации ќе ги враќаат.

Колку побрзо на сето ова му се стави крај, толку подобро.
Македонија заслужува подобро, заслужува европска иднина, Македонија место на среќни, гордни и достоинствени граѓани со сигурна и извесна иднина на нејзините деца!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top