| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Заев-Бериша на маргините на Кран Монтана

Македонскиот премиер Зоран Заев, на маргините на Форумот Кран Монтана, остварил средба со поранешниот албански претседател и премиер, Сали Бериша.

Бериша на својот профил на фејсбук објави фотографија и вест за средбата со македонскиот премиер. Во разговорот двајцата размениле мислења околу актуелните настани во двете земји, а Бериша му честитал на Заев за, како што вели, значајните одлуки кои ги носи за Македонија и регионот.

– Ја искористив приликата да му честитам на премиерот за неговите значајни одлуки за неговата земја и регионот. Почувствував посебно задоволство кога премирот ме информира за тендерот, кој неговата влада го распишала за изградба на сегментот од железницата што ги поврзува нашите две железнички мрежи. Средбата беше срдечна и отворена, напиша Бериша, кој е и поранешен лидер на опозициската Демократска партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top