| четврток, 6 декември 2018 |

Наташа Беквалац: Сега ја добив љубовта

По тешкиот период низ кој помина, Наташа Беквалац со насмевка на лицето го посети „Домот за лица без родители“ каде што помина цел ден. Таа истакна дека децата ги лечат раните, а има уште место за љубов.

Беквалац цел ден се сликаше со децата со кои ја дочекаа со насмевка на лицето. Првпат, по големиот скандал Наташа даде изјава за медиумите и потенцираше дека емоциите и се помешани.

„Родител сум на две ќерки, знам што значи родителството. Секојa мајка знае за што зборувам и не е воопшто лесно. Детето е најсериозната и најубавата работа на светот, изјави Наташа и додава:

„Измешани ми се емоциите, не можам да кажам дека сум среќна, ниту дека сум тажна. Се обидувам да не го покажам тоа, вели пејачката.

По тешкиот период Наташа собра сили за да продолжи понатаму, а на прашањето дали верува во љубов таа одговори:

– „Јас сега ја добив“ кажа Наташа. „Најверојатно тоа е најдобро за мене, изјави пејачката.

По тешкиот период низ кој помина, Беквалац успеа да остане ведра и смета дека се случува со причина.

Таа потенцираше дека секој ден учи за родителството, но и за животот, но истакна дека и не се враќа на минатото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top