| четврток, 6 декември 2018 |

Гледате ли нешто необично на фотографијава? Меган Маркл воопшто не ја почитува кралицата

Во Бакингемската палата бил одржан прием и доделување на награди за најдобрите од програмата Кралски млади лидери. На свеченоста учествувале кралицата Елизабета, Меган Маркл, принц Хари, како и славни личности, меѓу кои и Дејвид Бекам.

Меган Маркл ја променила фризурата за таа прилика. Таа пристигнала на приемот со нови сјајни кадрици како оние на војвотката Кејт Мидлтон. Многумина претпоставуваа дека ќе ја скрати својата долга коса како нејзината најдобра пријателка Џесика Малрони, но тоа очигледно не се случило.

Покрај новата фризура, војвотката Меган носела светол фустан со големи копчиња и шицести црни чевли со високи потпетици.

Меѓутоа, на сите им падна во очи тоа што Меган седела на второто место од кралицата со вкрстени нозе, а тоа е строго забрането во кралското семејство. Ваков пропуст никогаш не и’ се случил на нејзината јатрва Кејт, но изгледа дека Елизабета толку многу ја сака новата снаа што за неа не важат сите правила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top