Поранешна професорка по физичко образование од Охајо добила 30 дена затворска казна поради секс со тројца свои ученици.
36-годишната Тифани Ајчер Ајчлер им се извини на учениците и семејствата пред да ја сослуша казната.
Таа признала дека имала секс со тројца ученици, двајца од 18 и еден од 17 години. Еден од состаноците се случиле во училница веднаш по завршување на наставата.
Нејзиниот адвокат побарал помала казна, тврдејќи дека Тифани е посрамотена и оти и е уништена кариерата со оглед на тоа дека веднаш морала да даде отказ.
Освен месец дена во затвор, професорката добила и три години условно, задолжителна консултација, 300 часа социјално-корисна работа, парична казна од 1.000 евра, а ќе мора да ги плати и трошоците за советување на своите жртви.
Во нејзината казна влегува и пишувањето есеи од тоа како ги навела и како дошло до тоа да има секс со малолетници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)