| четврток, 6 декември 2018 |

Ако возите без врзан појас ќе платите 350 евра казна – Грците со високи казни за сообраќајните прекршоци

Доколку се подготвувате да патувате на летување во Грција, проверете ја состојбата на своето возило, бидејќи казните се огромни, а грчката полиција за одредени прекршоци ги одзема и таблиците. Како што пренесе српски Б92, од оваа година казните за сообраќајните прекршоци кои ги пишуваат Грците се построги, а тоа се прелева и на туристите.

Инаку казните во Грција се плаќаат според годишните приходи, односно не се исти за сите, што не се однесува и на туристите. Но, треба да се има во предвид дека за многу прекршоци се одземаат таблиците, се одзема сообраќајната дозвола, а за некои прекршоци се одзема и автомобилот до 60 дена.

Така доколку при управување на автомобилот не сте врзани со појас, казната изнесува 350 евра, истата се плаќа и доколку возите дете без соодветно седиште. Ако немате противпожарен апарат ќе платите 70 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top