| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународното право не познава ваков геноциден договор за уништување на еден народ и една држава

Зоран Заев и Никола Димитров веднаш да си поднесат оставка и да бидат земени на кривична одговорност за злосторство против народот и државата

 Михајло Маневски

Договорот што го потпиша Никола Димитров со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, кој тајно и подмолно, без никаква расправа, без никаква дебата во јавноста и во стручни органи и институции, како најголема тајна, во скратена постапка, со груба повреда на Деловникот и со злоупотреба на европското знаменце, експресно беше ратификуван од Собранието. Го ратификуваа пратниците од владејачкото мнозинство, претежно од СДСМ и ДУИ, без пратениците од опозицијата, која не беше ниту информирана за текот на тајните преговори, како што беше заобиколен и Претседателот на Република Македонија, со грубо насилство врз Уставот и законите, со сила протуркаа ратификација на срамен, штетен и противуставен договор.

Во аналите на меѓународното право не е познат ваков договор, спротивен на меѓународните норми и на највисоките акти на ООН. Ова е единствен преседан во светот, еден исконски народ и една земја лулка на писменоста и културата низ вековите, самата да се уништува, да биде предадена и уништена од нејзини преставници, со некаков договор со кој се уништува македонската држава и на македонскиот народ.

Зоран Заев со лаги и измами на народот и со лажни клетви дека нема да се менува Уставот на државата и нејзиното уставно име, го направи токму спротивното. Извршено е најсрамното велепредавство на државата и народот. Ќе одговори ли Зоран Заев, зошто цело време со лагн и лажни клетви го мамеше народот? Му доликува ли на еден претседател на Влада да лаже? Има ли барем малку почит према народот да му ја каже вистината, зошто го лажеше или барем има ли толку доблест да му се извини? Како ќе погледне во очи на измамениот народ, во очи на неговите деца и родители, во кои се колнеше дека додека диши нема да се смени Уставот и името на државата?

Договорот е спротивен на Повелбата на ООН

Според членот 1 од Повелбата на ООН, цели на ООН се да развива пријателски односи меѓу нациите засновани врз принцип на почитување на еднакви права и самоопределба на народите, и преземање на други соодветни мерки за подобрување на универзалниот мир, како и да постигнува меѓународна соработка при решавање на меѓународни проблеми од економски, општествен, културен или хуманитарен карактер, и промовирање и охрабрување на почитувањето на човековите права и основните слободи. ООН е заснована врз начелото на суверенитет на еднаквост меѓу сите членки.

Со кое право, спротивно на Повелбата на ООН, Грција се меша во работите на една суверена држава и бара да го промени на Уставот, уставното име на државата и бришење на македонскиот идентитет? Тоа се коси со основните начела на ООН. Тоа е безобзирна дрскост на Зоран Заев и Никола Димитров, кои државата ја ставија на добош, да влече од неа кој сака и колку сака. Грција сака да не постои ниту македонска нација, ниту македонски народ, ниту македонска држава. Тоа и го постигна со подпишувањето на овој страмен капитулантски договор.

Договорот е спротивен на Резолуција 817 (1993) од 7 април 1993

Со Одлука на Генералното собрание на ООН од 8 април 1993 година, Република Македонија е примена како 181 рамноправна членка на семејството на народите Според точка 2 од Резолицијата, за сите потреби, во рамките на Обединетите нации привремено да и се обраќаме со „поранешна југословенска Република Македонија”, се додека не се надмине разликата што се појави во врска со името на државата.

Со наведената Резолуција за надминување на „разликата” (еднина) што се појави во врска со името на државата, а не се бара промена на Уставот на Република Македонија, не се бара промена на уставното име на државата, не се бара бришење на македонската нација и македонскиот идентитет, не се бара да се избрише се што е македонско.

Договорот со Грција е испод нивото на Времена спогодба од 13 Септември 1995 година

Во Времената спогодба се наведуваат договорните страни, министерот Каролос Папуљас, претставник на Првата Страна – Република Грција и министерот Стево Црвенковски, претставник на Втората Страна – Република Македонија. Во договорот има само една договорна страна Грција, а друга страна нема, дури се одбегнува да се напише дека другата договорна страна е Поранешната Југословенска Република Македонија. Намерно се избегнува да се наведе Република Македонија.

Според членот 1 од Времената спогодба, првата Страна (Грција) ја признава втората страна (Република Македонија) како независна и суверена држава, под привремена референца. Секоја од Страните се обврзува да го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на другата Страна.
Во членот 11 од Спогодбата, Првата Страна (Грција) се согласува да не се противи на пристапување или полноправно зачленување на Втората Страна во меѓународни, мултилатерални и регионални организации и институции на кои Првата Страна е член, под привремената референца.

Грција со повеќе од две децении се противи за зачленување на Македонија во меѓународни, мултилатерални и регионални организации и институции. Во 2008 година кога во Букурешт требаше да бидеме промени во НАТО, затоа што ги исполнивме сите критериуми, а предлогот го подржа и Американскиот претседател Џорџ Буш. Грција буквално не исфрли и стави вето на предлогот, Пресудата на Меѓународниот суд на правдата од ХАГ, донесена скоро едногласно, потврди дека Грција неосновано ја спречувала Македонија за прием во меѓународни организации. На наша страна е правото, но на другата страна е силата. Таа пресуда воопште не е почитувана и не е спроведена. Нашиот министер Никола Димитров, не ја ни споменува, како да не постои. За него тоа е мртво слово на харија. Да беше ова оружје во рацете на Грците, сигурно ќе не здробеја. Тоа ли се лекциите за владеење на правото на ЕУ, целосно да се игнорира, како да не постои пресуда на највисокиот суд на правдата на светот. Тоа ли е уважување и примена на меѓународното право?

Со договорот се брише македонската нација

Граѓани на Македонија,
Не подлегнувајте на лагите на ова лажлива власт на Зоран Заев и кликата окулу него, поддржана од албанскиот блок во власта. Целосно се руши македонскиот идентитет со промена на името на државата.

Со договорот се бише македонската нација. Македонска нација повеќе не постои. Со договорот се бришат сите етникуми во Македонија. Постои само државјанство, кое ќе биде македонско/граѓани на Република Северна Македонија и кое ќе биде заведено во сите патни документи. Не постојат Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Бошњаци. Сите се само граѓани на Република Северна Македонија. Нема континуитет, нема историја, нема култура, нема творештво, фолклор, традиција. Нема ништо. Се создава некаква вештачка творба, која не може да се нарече држава, на безимени граѓани, граѓани без корења, изникнати на буништето на кое ги однесе Зоран Заев.

Грчкиот премиер Алекис Ципрас, само два дена по објавувањето на договорот изјави дека никогаш нема да прифати македонска нација. Неговиот министер за надворешни работи Никос Козијас на меѓународен собир пред два дена веќе не нарекува северномакедонци, а министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева пред два дена изјави дека “не сме на пат да признаеме македонска нација, таква клаузула во договорот нема”. Taкa e кога дилетанти и предавници решаваат клучни прашања за државата со едно пиење кафе. Браво!  Никос Коѕијас, во контактна програма на грчка телевизија изјавува дека на Виножито, партијата на Македонците во Грција, забранета им е дискусија за постоење на македонско малцинство во Грција, повикувајќи се на прифатеното барање за измени на членот 49 од Уставот на РМ. Се бисер до бисер, отров кој ни се сервира како награда за предавството на предавниците и капитулантите.

Договорот со Грција „без преседан е најбесмислениот и најпарадоксален договор со кој се брише историјата на еден народ“, наведува Акад. Ферид Мухиќ, избран за пратеник како дел од парламентарното мнозинство. Камен од камен не остана од нас, наведува тој.

Срамно се потпиша договор со кој не се прифаќа ништо што е македонско. Прифаќањето да се тргне „македонска” од името на највисоките национални институции е крунски доказ дека македонската нација веќе не постои.

Нема повеќе Македонска академија на науките и уметностите – МАНУ, Македонски народен театар, Македонска Радио Телевизија – МРТ, Македонска филхармонија, нема ништо македонско, македонска, македонски. Нема да се пее Народе Македонски, тој народ го избришаа.

Поништија постигнати КОДНИ ознаки

Во 1977 година во Атина, Меѓународната организација за стандардизација (ICO) на ООН ги определи кодните ознаки на Република Македонија.

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Македонскиот јазик од Меѓународната организација за стандардизација (ICO) на ООН е заведен како Македонски јазик, со превод на англиски јазик и другите светски јазици. Зошто сега во членот 7 се додава дека овој македонскиот јазик спаѓа во групата на јужнословенски јазици. На ниту една земја во светот не се определува во која група јазици спаѓа нејзиниот јазик. Тоа е чисто насилие на Грција да ја понижува и омаловажува нашата држава.

КОД МК во 1997 година е официјално определен од Меѓународната организација за стандардизација (ICO), Во срамниот договор, во член 1 т.д) се предвидува дека КОДОТ на земјата за регистарските таблички на возилата ќе биде НМ или НМК. Еве го новиот код НМ или НМК, на пазарска тезга, одбери што сакаш! Зошто е направена ова невидена дрскост и глупост? Се брише нешто што се е утврдено во ООН уште пред 40 години. Образложението зошто тоа е направено е апсурдно. Грците биле многу чувствителни на кодот МК на возилата на македонците и ги кршеле и корнеле табличките. Види мајката. А што сме ние, овци, да не молзе кој сака и кога сака. Ние сме топоглави и нечувствителни. Ова е невидена дрскост на овие политички дилетанти и ништожници. Тоа може да доведе до промена на окулу 2 милиони регистерски таблички и сообракајни дозволи. А за срамот да не говориме. Овие лажлицвци ништо не постиглнале со договорот. туку се изгубиле, го изгубиле и тоа што било остварено.

Се бришат Македонците насекаде во светот

Предавниците на македонскиот народ прифатиле да се изврши измена на Преамбулата на Уставот, членот 3 и членот 49 од Уставот на Република Македонија.

Со измена на членот 49 се бара да се брише целокупното македонско малцинство кое живее во многу држави во светот. Се бришат окулу 2 милиони Македонци населени во многу држави на сите континенти. Членот 49 од Уставот на Македонија, токму по барање на грчката страна е изменет со Амандманот 2 на 6 јануари 1992 година, само после 49 дена од донесување на Уставот, со тоа што со АМАНДМАНОТ се предвидува дека Републиката нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи. Зошто повторно е прифатено да се врши измена на ова одредба за однародување на Македонците во светот. Овакво нешто нема никаде во светот.

Договорот е ништовен

Договоррот е спротивен на Уставот на Македонија. Со договор неможе да се менува Уставот и уставното име на државата, туку договорот мора да биде во согласност со Уставот. Договорот е спротивен на меѓународното право и на меѓународните норми. Да беше ова договор за завршување на една стогодишна војна меѓу две држави, немаше да биде ниту во ова форма, ниту во овој обем со таква небулозна содржина и толку мизерени и штететни содржини за една држава.

Договорот е едностран е едносмерен, како што забележа и поранешниот евроамбасадор Ерван Фуере. Не е договор ако предвидува овбрски само на една договорна страна, а не предвидува никакви обврски на другата договорна страна, Договорот е штетен и капитулантски.

Со договорот се бара ние македонците да си ја направиме бесилката, да набавиме јаже и да се обесиме, а Грците само ќе јават дека сме се обесиле.

Манипулациите дека сето ова се прави за членство со ЕУ и НАТО, служат само за замајување на народот и за прикривање на ова предавство на државата и на Македонскиот народ. Стратешката определба на Република Македонија за членство во Европската унија и НАТО е потврдена од моментот на нејзиното осамостојување во 1991 гдина, Одлуката за стапување на Република Македонија во членство во Северно-Атлантската договорна организација-НАТО, донесена од Собранието на Република Македонија на 23 декември 1993 година и многу други документи, вклучувајки ја и едногласно усвоена Декларацијата за реформските и интегративните процеси за зачленување на Македонија во ЕУ и НАТО од 14 јули 2017 година. Во ниту еден од овие документи не се предвидува капитулација на државата за влез во ЕУ и НАТО.

Капитулацијата и предавството со прифаќање на се што Грција побара, како промена на Уставот, промена уставното име и рушење на се што е македонско и душата на овој народ, не се оправдува со никакви средства, ниту со ЕУ ниту со НАТО. Кој ќе влезе во ЕУ и НАТО, обезличен народ и растурена држава. Не се потклекна ниту кога се нудеа златни ролекс часовници и милиони долари за предавство на државата и рушење на незцзиниот интергритет. А сега што се случува?

На предавниците кои прифатија и подпишаа капитулација на државата и ја прекршија заклетвата дека ќе го почитуваат Уставот и законите ќе им суди народот.

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top