Најголемиот настан со светска сцена и продукција, фестивалот „Скопје колинг“ завршува вечерва.
Фестивалот почна со настапот на Аксвел и Ингросо (Axwell & Ingrosso), на 21 јуни, следниот ден, односно 22 јуни е резервиран за трип-хоп легендите „Морчиба“ (Morcheeba), а како специјално изненадување за посетителите беше обезбеден слободен влез.
-Со жалење ве известуваме дека денес во Скопје од вкупно 7 члена на Nouvelle Vague, пристигнаа само четворица, додека останатите, поради технички проблеми на авионот, не успеаја да полетаат од својата дестинација. Во изминативе неколку часа, ги исцрпивме сите опции за да ги донесеме со други авиолинии некаде во соседтвото, но сепак тоа се покажа како невозможна мисија.
Во текот на денот очекуваме и видео од бендот со извинување до фановите, кое ќе го објавиме. Па поради тоа, се одлучивме вечерашниот втор ден на SKOPJE CALLING да биде со БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ, и на него, сите оние коишто сакаат и коишто први ќе успеат да влезат и да го пополнат капацитетот, ќе може да ги гледаат БЕСПЛАТНО ѕвездите на вечерта MORCHEEBA. Се разбира, сите оние што имаат купено влезцнии и за ПАРТЕР и за ФАН ПИТ за вечерва, ќе можат да влезат со тие влезници во ФАН ПИТ просторот, а од понеделник ќе можат да си ги вратат парите онаму од каде што ги имаат купено влезниците, соопштија организаторите.
И членовите на Nouvelle Vague преку видео порака им се извинија на фановите.
Вечерта на 23 јуни прекраснп поминаа љубителите на рок-музиката. Иако беше одложен настапот на еден од најголемите британски бендови на сите времиња – „Тексас“ (Texas), кои ќе се појават во септември, за првпат на голем концерт на отворено можеше да се види Дарко Рундек со неговиот бенд.
За што поспектакуларно финале на „Скопје колинг 2018“ ќе се погрижи последната голема ѕвезда на електронската музика, Алан Вокер (Alan Walker), којшто од логистички причини својот настап наместо на 2 јуни, ќе го има на 24 јуни.
фото: авалон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст