| четврток, 6 декември 2018 |

Кое е најдоброто време за секс?

Сите знаат дека тајната за разгорување на сексуалната искра е да закажете романтичен состанок и да додадете специјални елементи како секси долна облека, свеќи, вино, музика…

Експертка за секс и хормони го има вистинскиот одговор што ќе ви заштеди многу време, пари и нерви и ќе ви помогне да ја распламтите таа искра.

Алиса Вити, авторка на бестселерот „WomanCode“ вели дека променливото хормонално ниво игра огромна улога во сексуалниот живот на луѓето.

Оние кои внимаваа на часовите по биологија, знаат дека естрогенот е женскиот секс хормон задолжен за кревање на женското либидо, но тој ги „пали“ и мажите.

Алиса вели дека двојките треба да ги „темпираат“ нивните интимни моменти врз основа на нивното ниво на естроген за да се осигураат дека имаат „емотивно присутно“ искуство.

Нивото на естроген кај мажите се зголемува околу 3 часот попладне и Алиса смета дека тоа е времето што двојките треба да го искористат за секс.

Но, што е со нивото на хормоните кај жената?

Не изненадува што Алиса ќе го потврди фактот дека времето околу овулација е најпогодно за секс за жените. Таа вели дека најголема сексуална исполнетост жените искусуваат „десет дена по овулација“ поради напливот на естроген и тестостерон што го зголемува нивното либидо.

Запишете си во календар: десет дена по овулација, во 3 попладне и расчистете го распоредот за тој ден. Ако треба земете и слободен ден од работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top