| четврток, 6 декември 2018 |

Србија достави жалба до ФИФА

Фудбалската федерација на Србија по мечот против Швајцарија и официјално испрати жалба до ФИФА, пред се поради недосудениот пенал во 66. минута врз Александар Митровиќ.

Оваа информација од Калинград ја соопшти Саво Милошевиќ, потпретседател на Федерацијата.

„Остваривме разговори, и упативме официјална жалба и протес до ФИФА. Никогаш не сме барале оправдување, сме изгубиле многу натпревари, и ќе  губиме… но воведен е ВАР систем. А на два меча не го добивме. И против Костарика имаше слична ситуација и сега уште поскандалозно. Господинот досуди контрафаул. Зошто е воведен ВАР? Имат прилика по 5 до 10 пати да ја прегледат снимката“, изјави Милошевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top