| четврток, 6 декември 2018 |

Посмешна од прекарот на Тошиќ „Диско Колбас“ е само реакцијата на Карлеуша (ВИДЕО)

Српската пејачка Јелена Карлеуша, сопруга на дефанзивецот Душко Тошиќ, на урнебесен начин го искоментира прекарот што го заработи Душко на твитер.

Еден британски навивач по мечот Србија – Костарика со коментар на Твитер го насмеа цел свет.

„Мислев дека фудбалерот на Србија се вика Диско Сосиџ (на англиски колбас). Неговото право име е Душко Тошиќ но…

….коментаторот го изговорил пребрзо. Штета. Ми се бендисува Диско”, напишал Британецот на Твитер.

Во утринската програма на национална српска телевизија, водителката Јована Јоксимовиќ ја замолила Јелена да го искоментира новиот надимак на својот маж а таа тоа го направи во свој препознатлив стил.

-Тој е вистински сосиџ, искрајно да ви кажам. Јас можам да бидам ‘диско’, но тој дефинитивно е ‘сосиџ’, рекла Карлеуша смеејќи се…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top