| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Грција го менува македонскиот идентитет

Заев им го одзема правото на граѓаните да бидат Македонци и правото да се употребува зборот Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со капитулантскиот потпис на Договорот со Грција, Заев им го одзема правото на граѓаните да бидат Македонци и правото да се употребува зборот Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, договорот задира и го менува македонскиот идентитет.

-Со договорот одземена им е државноста на Македонците. Тие ја губат својата држава. Заев признава дека сите институции ќе мора да го заменат и загубат македонскиот предзнак. Заев призна дека сите институции ќе мора да го избришат името и наместо придавката Македонска, Македонско, Македонски, ќе мора на крајот на името да додадат „на Северна Македонија“. Така, Заев признава дека ќе се смени и името на државните институции, министерствата, државните органи, МАНУ, личните карти, пасошите. Заев манипулира дека секаде ќе останела придавката Македонски/а/о, иако договорот поинаку предвидува, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Стоилковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top