На 19 јуни 2018 година (вторник) во 12.00 часот, во галеријата на Домот на култура „Илинден“, во општина Илинден ќе биде отворена изложба на дела на уметникот Блаже Донев, од општина Илинден, со наслов „Ретроспектива“. Промотор на изложбата, на која љубителите на уметноста ќе имаат можност да видат 30-на дела на овој автор, ќе биде академскиот сликар Новица Трајковски.
Реализацијата на овој настан е резултат на минатогодишната изложба на уметниците од општина Илинден, на која специјална жири комисија избра две најдобри дела, за чии автори како награда следуваше самостојна изложба во Домот на култура „Илинден“, а еден од овие автори е и Блаже Донев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.