| четврток, 6 декември 2018 |

Германската разузнавачка служба шпионирала австриски амбасади, компании и министерства

Германската разузнавачка служба БНД  ја шпионирала Австрија најверојатно до 2016., а не до 2006. година, како што првобитно се верувало, кога аферата дошла во јавноста.
По објавувањето на списокот од 2.000 телефонски и факс приклучоци кои БНД ги прислушувал во Австрија, уследиле тензии на релација Виена и Берлин.

Австриската влада од 2013. година, кога било откриено дека БНД шпионирал во таа земја, е соочена со оваа афера и тогаш министерката за внатрешни работи Јохана Микл Лајтнер поднела кривична пријава против непознати лица, но истрагата не донела никакви резултати, туку била сопрена.

Откако сега бил објавен список од 2.000 шпионирани меѓународни организации, амбасади, медиуми, како и австриски компании, но и министерства, австрискиот канцелар Себастијан Курц од својата германска колешка Ангела Меркел побарал целосно расветлување на аферата.

Претседателот на Австрија, Александер ван дер Белен и Курц истакнуваат дека не можат да прифатат шпионирање од страна на пријателска земја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top