| четврток, 6 декември 2018 |

Ванковска: На една жена и падна шок бомба во скут, еден пријател е застрелан со гумен куршум

Унивезритетската професорка Билјана Ванковска на својот фејсбук профил коментира за прекумерната сила која вечерва се употребува од страна на полицијата против луѓето кои протестираат пред Собранието.

Солзавец, шок бомби и гумени куршуми употреби полицијата против демонстантите кои денеска протестираа пред Собранието против Договорот со Грција за промена на името кои денеска беше потпишан.

Професорката Билјана Ванковска кој учествуваше во протесто преку својот Фејсбук профил информира дека на протестот има повредено, но и оти на една жена шок бомба и паднала во скут.

-На жена во паркот и паѓа шок бомба во скут! Не знам дали има потешко повредени. Јас уште се борам со здивот и очите, пишува Ванковска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top