| четврток, 6 декември 2018 |

Стоечки овации за „Либертанго“ (видео)

Безвременската музика на Пјацола, костимите на Ношпал, одличната кореографија на Сабрина Боско од Италија,  режијата на Наташа Поплавска и најмногу прекрасната изведба на ансамблот кој учествуваше во балетската претстава „Либертанго“ синоќа ја крена на нозе публиката во Македонската опера и балет.

Ваква претстава одамна немало на сцената на МОБ, а премиерата работена како последна  за сезоната 2017/2018 спои повеќе медиуми во уметноста – музика, танц, драма и визуелна уметност.

Едночасовната танго-претстава изведена на балетски начин на публиката и донесе танци на многу други негови дела кои покажуваат каков исклучителен музичар бил Пјацола: Од она со кое почнува, новите музички звуци, а на крајот да се дојде до кулминацијата со „Либертанго“.

Во „Либертанго“ настапуваат првенците Александра Мијалкова, Васил Чичијашвили, Мирјана Поп Алексова Атанасовска и Игор Велановски, тука се и Наташа Јосифовска, Марија Јосифовска Ристовска, Ендру Кук, Јан Кисилев, Мирослав Митрашиновиќ, Симоне Џиролети и мнозина други од ансамблот на Македонскиот балет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top