Скулпторот и професор на Факултетот за ликовна уметност Жарко Башески со видео обраќање на лед екран поставен на Дунав официјално го отвори третиот по ред Арт капитал фестивал во Унгарија. На годинешното издание на фестивалот, кој трае до 24 јуни, љубителите на современата уметност и хиперреализмот ќе може да уживаат во неговото најново дело „Asphyxia” (Гушење), но и во делата на Јоко Оно, Рита Акерман, Моника Баер и други светски реномирани уметници.
-Огромна чест претставува да се учествува на фестивал од ваков калибар и да се изложува заедно со имиња од светски ранг. Благодарен сум на Арт Капитал за можноста по втор пат на интернационалната јавност да ѝ претставам дел од македонската современа уметност. Минатата година имавме одлична соработка и што е најважно за мене, публиката позитивно одговори на пораките кои делата ги пренесуваат. Голема благодарност и до Кибла Портал центарот од Марибор, Словенија и нивниот проект МИГ 21 за големиот придонес и поддршката без кои ова можеби немаше да се оствари, изјави Башески.
Mинатата година Башески дебитираше на Арт капитал фестивалот со повеќе дела, кои беа една од главните атракции на самиот фестивал.
-И оваа година Арт капитал е домаќин на светски уметнички имиња, меѓу кои и господинот Жарко Башески. По минатогодишната успешна соработка, оваа година одлучивме да биде меѓу уметниците кои го отворија фестивалот. Неговиот хиперреалистичен начин на изразување гради еден неконвенционален однос меѓу гледачот и делото, создавајќи близина која граничи со непријатна реалност. Новото дело “Asphyxia“ не нуди никаков oчигледен предзнак или корисен наратив – неизбежно монументална, „главата“ се соочува со гледачот и со неговите сосема лични моменти, но и општо, со човечките димензии, вели Габор Гулиас, уметнички директор на фестивалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вечерва ќе се промовира скулптурата OUT OF на Жарко Башески во Музеј на град Скопје
-
Ирма Башеска Ристовска, режисерка: Не беше само процес на снимање, туку и процес на запознавање на уште една страна на мојот татко
-
Делата на Жарко Башески на меѓународна изложба во Марибор
-
Жарко Башески на светската изложба во Прага „Храбриот Нов Свет” (галерија)