Јасминка Дамческа
Покрај неуспешните обиди да ја прикријат неспособноста во управувањето со секторот здравство, владејачката партија продолжува со безобразниот егзибиционизам на замајување на народот за изградба на нов Клинички центар и обнова на старата Градска болница „Свети Наум Охридски“. Се’ она што ветија, како предизборна лага се обидуваат да го амортизираат со уште поголема лага при тоа користејќи словенска антитеза, но за жал на крајот не даваат точен одговор ами одговор во кој во голема мера се вткаени хиперболата и парадоксот.
Когаја зграпчија власта на нечесен и перфиден начин, државата Република Македонија имаше обезбедено средства за изградба на нов клинички центар Мајка Тереза и финансиски средства за обнова на старата Градска болница „Свети Наум Охридски“. Но, за нивните матматички анализи, во сета таа некадарност и неспособност, полесно им се виде да ги прекинат проектите, да плаќаат баснословни суми како казни, отколку да продолжат со реализација на веќе започнатите проекти.
Екскурзијата за нов клинички центар во Злокуќани е рамно на лудило. Да предложиш изградба на било каков објект врз археолошки локалитет, како што е локацијата во Злокуќани, во светски рамки, не само недоветен, би те сметале и за луд, исто како и лудилото на комуњарскиот полтрон Тричковки, шизофрен идиотизам.
Некогаш помислувам дека можеби не се до толку луди, само се расипани ништожници, кои сакаат се’ да покријат, сѐ што личи на Македонија, сѐ што содржи знак за Македонија, сѐ што е оставштина од Македонците. До толку им се умовите извитоперени.
И откако малку спласна темата за нов Клиничкиот центар, сега оп нов проект на владата: Дислокација на старата Градска болница Свети Наум Охридски и каде, ни таму, ни ваму, право во Аеродром, на местото на сегашниот Мајчин дом.
Имало добра површина! Јака издржаност на проектов!
Општина Аеродром е општина во која живеат околу 70 000 жители, а во работните денови гравитираат уште дополнителни 20 000 лица. Главниот влез и излез општината го има токму преку булеварот Јане Сандански и булеварот Кузман Јосифовски Питу во близина на Железничката станица. Тоа е тесно грло во секој период од денот.
Дали министерството за здравство и Владата на Република Македонија пред да го предложат овој проект направија анализа за тоа колку ќе се обремени сообрајќајот во Аеродром со дислокацијата на старата Градска Болница?
Дали тој народ ќе може навремено да стигне и да побара здравствена заштита? Дали Брзата помош ќе може навремено да ги донесе итните случаи од сообрајќајни несреќи и други несреќи?
Дали Аеродромци ќе можат навреме во утринските часови да стигнат на работното место и попладне да се вратат во некое разумно време, без дополнителни гужви, нервози и дополнителни стресови од сообрајќајниот метеж кој ќе сесоздаде?
Дали Аеродромските средношколци ќе можат навреме да стигнат до училиштата и потоа дасе вратат во своите домови, без при тоа да потрошат часови изгубени во тесното грло што ќе го создадете со дислокацијата на старата Грдска болница на местото на Мајчин дом?
Заклучувам дека пред да се предложи овој проект не се направени никакви анализи за теренот, пристапноста, за користа, за штетите по пациентите и штетите по граѓаните на општина Аеродром. Се тресат проекти од ракавот, па ако поминат добро ако не здравје.
Да, ама голо здравје. Си играте со здравјето на пациентите, на граѓаните. Со здравјето на сите тие што ги лажевте во предизборието за здрави здравствени политики, за ефикасен здравствен систем, за повисоки плати, за поздрава животна средина.
Кога сме кај површината, главниот адут за изборот на локацијата кај Мајчин дом!
Општина Аеродром, беше општина со најмногу зелени површини по глава на жител, околу 25м2 зелени површини по глава на жител, блиску до европските стандарди.
И покрај тоа, денешнава владејачка структура, тогашна опозиција, фрлаше дрвја и камења за секоја отстранета гранка, за секое поплочување. Но, денес ништо од нивните ветувања за зголемување на зелените површини, за нови зелени садници, за поздрава животна средина. Наместо тоа, се сечат дрвја, никнуваат нови станбени блокови, се предлагаат проекти за отежнување на животот и секојдневието на Аеродромци. И ако досега Аеродром беше најпосакуваната општина за живеење на младите луѓе, со овие погубни политики на сегашната владејачка гарнитури, сигурна сум дека ќе го изгуби тој атрибут.
Како што сме тргнале, тешко дека ќе стигнеме таму кај што треба. Во нашиов случај, за доброто на Аеродром и на жителите во оваа прекрасна општина, Минхаузеншките практики, што ги практицира актуелната власт, би биле поволни! Ако не, драги мои Аеродромци, ВРЗЕТЕ СЕ, ПОЛЕТУВАМЕ!
За да стигнеме на работа!
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст