| четврток, 6 декември 2018 |

Порасна, стана татко и претприемач – што прави денеска Трајче од „Дајте музика“?

Скриено катче, таинствено ќоше, само за шега за игра и за песна…ДАЈТЕ МУЗИКА, ДАЈТЕ МУЗИКА, ДАЈТЕ МУЗИКААААА, е дел од најавната шпица на некогаш многу популарната детска емисија „Дајте музика“.

-Малкумина ја имаат среќата во својот професионален развој да работат нешто со толку многу љубов и тоа да трае. Некое време размислував како и каде да ги најдам “моите“ деца од серијата „Дајте музика“- рече сценаристот на серијата Татјана Гогоска на емотивната средба со дел од јунаците на серијата!

Поминаа 23 години од кога е промовирано второто продолжение. Децата веќе пораснаа и си заминаа од Детската Радио Драма.

-Јас работев со многу нови „клинци“, но доживувањата со нив, останаа незаборавени. И, како велат кога нешто многу сакаш, кога ќе треба, Универзумот ќе ти помогне да се оствари. Една, две средби и ете тука сме. Барем дел од нив. Вчеравечер емотивна средба, со многу насмевки на вечерината на 1 јуни -Меѓународниот ден на детето. Се појавуваа со насмевка на лицето, многу од нив доцнеа, обврски, млади родители и слично, ама се собравме. Има уште деца и поканата за да ни се придружат е отворена – вели Гоговска за културно.мк.

Едно од децата тогаш е и Трајче, сега веќе татко на две деца од шест и година и пол. Во професијата од мобилна телефонија се префрлил на земјоделие…станал градинар претпремач.

-Најдолго останал во драмските води со синхронизација на серии, мали улоги, два неуспешни обиди да се запише на Драмската Академија, но не разбравме дали научил дека сепак земјата се врти. За него велам дека е штета за македонската глумачка сфера што го нема во своите редови. Талент кој ретко се повторува, но животот понекогаш не ги остварува соништата. Со нетрпение чекам проекција на филмот „Исцелител„ под отворено небо на 6-ти јуни, глумел во некоја сцена- вели Гоговска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top