Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека неговата „историска средба“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун сепак ќе се одржи, како и што беше планирано, на 12 јуни во Сингапур.
Трамп денеска во Белата куќа се сретна со специјалниот севернокорејски пратеник Ким Јонг-чол, кој му врачи писмо од Ким Џонг-ун.
Во изјава по едночасовата средба со Ким Јонг-чол, Трамп порача дека нејзина цел била „запознавање со состојбата“.
Американскиот претседател оцени дека односите меѓу САД и Северна Кореја „се развиваат“, додавајќи дека на средбата со севернокорејскиот лидер гледа како на „почеток на еден процес“.
– Мислам дека тоа ќе биде голем успех, нагласи Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст