| четврток, 6 декември 2018 |

Кревај се Народе, спречи го!

 Ламбе Арнаудов

Кревај се народе! Ако сега не го спречиш исчезнувањето сопствено, остатоците твои ќе ги бараат и ќе ги најдат археолози чуждинци, а постоењето твое ќе биде градиво за магистратури, докторски дисертации академски трудови на некој си научник, етнолог, антрополог, ама и на психијатриски аналитичари кои тешко дека ќе можат научно да докажат што и како му се случило доброволно, колективно самоубиство (идентитетско) на еден древен народ. А името на твојата Тактовина, на твојот народ ќе се споменува само во некои книги песни и стари разгледници, говорот никој не ќе го разбира, писмото не ќе знае да го прочита а зборовите не ќе може да ги изговори. Станувај додека има уште време, за да не се пишманиш како што цел свет жалеше своевремено што не го сопре чудовиштето уште во Минхен или лежерноста на Палестинците од пред 70-тина години која во целост наликува на нашево денешно однесување и многу други примери на масивно слепило и задоцнета реакција. Народе тебе ти е должност да се браниш и одбраниш ама и ти прилега бидејќи ТИ си идентитет, ТИ си и држава. Ако тоа не го направиш немаш право да го осудуваш вистинскиот предавник Заев. ТИ си многу посилен од него, ТИ заповедаш со него, на крај ТИ владееш со себе, со него и со све. Ако не направиш ништо Ти ќе бидеш исто, дури и многу полош и поголем предавник од него и што е најлошо ќе нема кој да те осуди и ќе поминеш неказнето.

Габаритот на предавствата е во правопропорционален однос со моќта. Помоќен од тебе нема. Помоќен од НАРОД нема.

Храбро спротистави се на тиранијата и деспотизмот на мнозиството со магично аполалиптички бр.:61, број кој им овозможува втерување страв в коски и тоа не само преку Влада, полиција, војска, тајни служби, туку и преку чиновници, шалтерски работници, редари, медицински сестри, чувари и други битанги со партиски книшки. Над сите нив си, силен и пресилен, мудар и премудар, патриот над патриотите си. ТИ СИ НАРОД. Исправи им се, ќе се разбегаат, години немат да се соберат пак. Ти си тој што постапуваш праведно, а тие нека си живееат со последиците. Вакво дивеење, ова понижување и обесчествување врз себе не смееш да дозволиш.

Народе Мој! Храбро, решително, мирно, достоинствено дојди си по своето што изроди и ненаситни крлежи се обидуваат да ти го украдат, тоа што Ти и сите твои предци пролевајќи крв го заработиле. Украденото лесно се дарува, тоа не е нивно и затоа тие се така галантни. Заработеното се цени, не се фрла, не се расфрла и не се распродава. Тоа е твое. Не смееш а и нема да го дадеш. Во спротивно ќе бидеш соучесник или уште полошо нарачател на сопственото исчезнување.

Јас сум убеден и непоправлив пацифист и никогаш не оправдувам насилство. Но кога се брани Татковината тоа не е така. Се е можно. Деновиве да бидам искрен се случија работи, се слушнаа муабети од кои ми се замрзна крвта во жиливе, но не од страв. Пацифистите имаат посебен инстинкт да ги препознаат и невидливите за око нишани кои можат да доведат до тешка дестабилизација на состојбите и односите во државава.

Со душа и срце Ве молам сите заедно да застанеме сложни и да спречиме да се вратат – Не дај Боже, старите навики на Македонците од крајот на ХIХ и почетокот на ХХ век.

Уведен сум дека сите ќе бидеме достојни на предизвикот пред кој сме исправени и кој не е за потценување. Ако не го спречиме, сите ќе паднеме на испитот. Крвнина од својот народ и одмазда кон сограѓанинот е најклетиот Човечки грев.

Легално, демократски, но и гордо, исправено, непоколебливо сабота на 2 Јуни сето ова може да се изведе на најлегитимен начин со што ќе го убедиме целиот слободоумен, правдољубив и демократски свет во исправноста на нашето залагање за право на ИЗБОР, што човекот го добива од Господ уште од своето раѓање. Да им кажеме на предавниците дека нивниот сон никогаш нема да стане јаве. Јавето во никој случај не е предавство. Јавето е среќна иднина и вечен опстој што ќе се оствари на 2 Јуни.

Јавето, иднината и вечниот опстој не сум ЈАС, си ТИ – за оние што не те познаваат кажи им дека се викаш НАРОД.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top