| четврток, 6 декември 2018 |

Василев: Да се почитува меѓународното право како што тоа го прави Грција

Кривичниот суд ќе проверува дали биле правосилни помилувањата кои претседателот Ѓорге Иванов прво ги даде, а потоа ги повлече рече на денешниот брифинг со новинарите претседателот на Судот Иван Џолев. За одбраната на обвинетите во Титаник, ова е директно мешање на судската во извршната власт но и притисок врз судечките совети, коментира адвокатот Петар Василев кој денеска на судењето во Титаник, се повика на одлуката на врховниот суд во Атина кој одби екстрадиција за Никола Бошкоски и Горан Грујовски токму поради поминувањето.

-Претседателот на судот нема увид во судските предмети по кои се постапува. Тој, повеќе или помалку, покрај другите обвластувања кои ги црпи од законите, има организациони овласувања. Тој никако нема можност да врши увид во судските предмети, а уште помалку со вакви изјави да врши пристисок врз судските совети како да одлучуваат или во кој правец да ја водат постапката – вели Василев.

Василев вели дека судот од Грција ослободен од политички притисоци и влијанија донел одлука согласно меѓународното и европското право.

-Одлуката на судот во Грција е чисто материјализирање на правото. Односно, преточување на она што е запишано во правото. Согласно фактичката состојба тоа право е преточено во судска постапка. И кај нас согласно законот и уставот тоа постои, но воскресна во Грција. Досега тоа беше мртво слово на хартија, а сега тоа мртво слово се погласно ќе одекнува во судските ходници – вели адвокатот.

Василев на денешното рочиште за Титаник, посочи дека државниот орган мора да го почитува овој закон и веднаш да побара запирање на постапката, како што направи Врховниот суд во Атина дека помилувањето е се уште во правна сила па затоа одби екстардиција на Грујовски и Бошковски.

Извор: Алфа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top